(ВИДЕО) Куманово на улица против полициската бруталност

од desk3
127 прегледи

И Кумановци се приклучија на протестите против полициска бруталност. Демонстрантите се собраа на големиот плоштад, а потоа се упатија кон полициската станица. Припадниците на МВР ја обезбедуваа станицата без штитови, и не ги пуштија граѓаните да се приближат кон зградата

DSC_0066-copy1

Револтираните граѓани извикуваа “Нема правда, нема мир“, „Горде дај си оставка“, „Монструм дај си оставка“, „Грујо готов си“. Пред да тргнат од плоштадот кон полицијата, можеше да се забележат неколку момчиња со качулки на главите.

Пред полициската станица демонстрантите седнаа пред полицискиот кордон, а потоа станаа и ја испеаа македонската химна . Пред крајот на протестот неколку жени-демонстрантки им даваа цвеќе на полицајците и ги гушкаа . По еден час протест, демонстрантите мирно се разотидоа.

 

Фото и видео: Кумановски муабети