
На интернет се појави првото рекламно видео на најмоќната “Лада”. Видеото, кое е поставено во каналот на автомобилската марка во YouTube, ја покажува Lada Kalina NFR, објави вчера “Россијскаја газета”.
“Црната ракета”, како уште го нарекуваат возилото, е опремено со 16-вентилски бензински мотор со зафатнина од 1,6 литри, 136 коња. Моторот е комбиниран со пет-брзински рачен менувач.
Максимална брзина на Kalina NFR е 203 км / ч. Од 0 до 100 km возилото развива за 9,2 секунди.
“Црната ракета” располага со предни и задни диск сопирачки, спортско поставување на амортизацијата, 17-инчни тркала со оригинален дизајн и спојлери. Цената на Lada Kalina NFR е 850 илјади рубљи (околу $ 14 илјади.).