(ВИДЕО) Латас во СЈО: Бев по документи

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Уредникот на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас кој е осомничен во случаите “Тотал” и “Тревник” денес беше во канцелариите на СЈО.

Запрашан дали бил на распит во врска со случаите за кои е осомничен, тој се обиде да ги одбегне новинарите излегувајќи од задната врата и брзо се упати кон автомобилот при што само кусо изјави дека не бил на распит, туку подигнувал документи.

Според информациите на НОВА ТВ Латас бил во СЈО на распит како осомничен во случајот „Тотал“ за даночно затајување како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.