ВИДЕО: Лејди Гага без шминка, Хју Грант ги превртува очите, Џон Траволта во солзи – Најдобри моменти на Оскарите

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа церемонијата на доделување на Оскарите, која беше исполнета со интересни ситуации, водителски шеги и други настани за кои се зборува на социјалните мрежи.

The Hollywood Reporter посочува дека церемонијата на доделување изобилувала со смеа, солзи и овации за водителките, победниците, домаќините и холивудската публика. Како најинтересен момент од церемонијата, обожавателите го наведуваат моментот кога водителот Џими Кимел се исмева со шамарот на Вил Смит на минатогодишните награди.

Еден од помоќните настапи беше оној на Лејди Гага која ја воодушеви публиката со скратена верзија на нејзината номинирана песна „Hold My Hand“. Првично, таа не ни требаше да настапи поради тековно снимање, но се појави во одлична форма. На крајот од настапот беше прикажана фотографија од починатиот режисер Тони Скот со Том Круз на која пишуваше: „In memorial Tony Scott“, а внимание привлече и изгледот без шминка на Гага.

Освен нејзиниот настап, внимание привлече и настапот на Ријана. Џон Траволта беше емотивен за време на настапот „In memoriam“. Тој ѝ оддаде почит на неговата колешка од „Grease“ Оливија Њутн-Џон.

Кравиц свиреше на клавир додека на големото платно се појавија фотографии од неодамна починатите познати личности, вклучувајќи ги Реј Лиота, Кирсти Ели, Ајрин Кара, Мери Алис, Ракел Велч и многу други.

Негативно беше оценето интервјуто на Хју Грант и Ешли Греам на црвениот тепих на Оскарите, при што се виде неговото незадоволство и кренати веѓи на прашањата на манекенката.

Слични содржини