(ВИДЕО)„Леандрос“ удри на Грција: Студениот бран ја парализираше земјата, делови на Солун без струја, силни ветрови на Крит

563 прегледи

Студениот бран што се прошири во Грција последните денови донесе многу ниски температури во некои делови на земјата, врнежи од снег на Атика и бројни ограничувања на сообраќајот.

Студениот фронт што ја погоди Грција, наречен „Леандрос“, донесе силни врнежи од снег од Солун на Атика и предизвика прекин на електричната енергија во источниот дел на Солун денес, додека на Крит се очекуваат силни ветришта и обилен дожд, кои ќе траат до вторник, пренесува АНА.

На поголема надморска височина во областа Атика, централна Грција и Пелопонез, задолжителна зимска опрема за возила е потребна на неколку патишта, додека полицијата го ограничи движењето на тешки товарни возила или целосно го запре сообраќајот на неколку делници во таа област.

Официјални лица од грчкото Министерство за цивилна заштита и Секторот за вонредни состојби вчера разговарале за нови ограничувања во сообраќајот и други мерки поради лошите временски услови, кои ќе траат, како што е најавено, до вторник, според агенцијата.

Слични содржини