(ВИДЕО) Луди сцени во Буенос Аирес: Скокаат од мостови за да им се придружат на фудбалерите, евакуација со хеликоптер

од Nikola Popovski
179 прегледи

Неверојатни сцени на „патувањето“ на Лионел Меси и останатите фудбалски претставници низ главниот град на Аргентина.

Во Буенос Аирес втор ден продолжува прославата на титулата светски шампион во фудбал, а врв на уличната забава ширум земјата е возењето со автобус на играчите и професионалците.

Низ толпата од неколку милиони луѓе, од кои некои не бираат начин да се доближат што е можно поблиску до фудбалерите, кои по речиси четири децении го вратија трофејот во оваа јужноамериканска земја.

Така двајца навивачи избрале да скокнат од еден од мостовите, за да паднат меѓу Лионел Меси и другите аргентински фудбалски богови.

Еден „падобранец“ е снимен како успева во намерата, додека на истото видео може да се види како друг Аргетинец паѓа на патот меѓу толпата.

Сè уште нема информации за неговиот идентитет и степенот на повредите, поради скокот од голема височина, но затоа полициските сили заради општа безбедност спречија натамошен близок контакт.

„Не ни дозволуваат да ги поздравиме сите тие луѓе што се собраа околу Обеликс. Безбедносните организации не ни дозволуваат да патуваме со автобус. Илјада пати се извинуваме во име на светските шампиони, во име на сите од репрезентацијата. Ова е срамота“, објави на Твитер првиот човек на аргентинската фудбалска асоцијација по евакуацијата на играчите со хеликоптер.

Слични содржини