ВИДЕО: Мадона танцуваше за првпат откако се бореше за живот и воодушеви со емотивна објава

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Мадона неодамна ги загрижи обожавателите ширум светот кога заврши во болница. Како што се испостави, во прашање била бактериска инфекција, а пејачката била пронајдена во несвест од нејзината ќерка.

По неколку дена поминати во болница, Мадона беше пуштена на домашно лекување, но мораше да откаже дел од турнејата, бидејќи се опоравува и ќе ѝ треба време да почне повторно да настапува и да се врати во форма.

Таа сега ги израдува следбениците со објава на Инстаграм, поточно со видео на кое малку танцуваше.

„Тоа што можам да го движам телото и да танцувам само малку ме прави да се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели. Мора и вие да сте мои среќни ѕвезди. И среќен 40-ти роденден на мојот прв албум“, напиша Мадона заедно со видеото, откривајќи дека денес е многу важен датум за неа, бидејќи пред 40 години ја започнала својата кариера и почна да пишува историја во поп музиката.

Слични содржини