(ВИДЕО) Македонија во “слободен“ пад

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Влошување во сите општествени сфери , освен во категоријата граѓанско општество. На листата на Фридом Хаус, Македонија назадува во категориите национално демократско владеење, правна рамка и независнот на судството, независност на медиумите, изборен процес, локално демократско владеење, борба со корупцијата, информира Телма.

sanja_4

–  И покрај обвинувањата за местење на изборите, корупција и измами  што предизвикаа најголеми протести во МАкедонија во изминативе неколку години, поранешниот премиер Никола Груевски го развлекува спроведувањето на договорот за реформи, постигнат со посредство на ЕУ и се чини дека најверојатно ќе се врати на власт преку предвремени избори закажани за 5-ти јуни

Во извештајот, сумарната оценка за демократксиот развој на Македонија е полоша од лани кога беше 4,07 и  сега е 4,29 Најголемо назадување има во сферата на независност на медиумите каде нашиот индекс е 5,25 , а балканскиот 4,64.Надолниот тренд во сите сфери, се должи како што стои во извештајот, на натамошните откритија за неправилности на изборите во 2014та година,  индикации за масовно прислушување , како и показатели за масовна злоупотреба на власта од страна високи владини претставници

Целата анализа од извештајот на Фридом Хаус можете да ја видите тука