Првата емисија од втората сезона на „Ѕвездичките на Пинк“ експлодираше по настапот на неверојатниот Марко Бошњак кој ја испеа песната „One night only“. Тој успеа жирито и целото студио да ги крене на нозе, но и да ги расплаче. Заслужено доби аплауз кој долго траеше.

-Знаеш ли дека ова е единствениот настап кој го расплака целото жири?, го праша Гоца Тржан.
Водителката Маријана призна дека се исплашила од малиот Марко бидејќи помислила дека е од друга планета.
-Се слуша од каде си, секоја чест. Со ова може натпреварување да заврши, ова е перфектно. Сите елементи да светско пеење ги имаш. Јас немам зборови и не можам да опишам. Само на светско ниво сум слушнал некој сè во една песна да стави, вели Хари Мата Хари.