(ВИДЕО) Манчевски: Изборите се одложуваа поради стравот на Никола Груевски

од Vladimir Zorba
89 прегледи

timthumb

За тоа дали има услови или не за тоа ќе проценат лидерите на партиите на лидерската средба. Се уште е прерано за се друго. Избори можеше да има многу порано, доколку се извршеше прочистување на избирачкиот список и реформа на медиумскиот простор, зависеше од Никола Груевски. До сега се одложуваа само заради него, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на новинарско прашање.

Во врска со ад-хок телото, денес треба да се избере петтиот член на комисијата. Дали ќе има конечно формирање на таа комисија за избирање на петтиот член?

– Да почекаме до крајот на денот и да видиме. Понекогаш и кога најмалку сме се надевале, знаеле да ве изненадат договорите, одговори Манчевски.

Денес ќе се објави името на петтиот член?

– Останува да видиме, рече Дамјан Манчевски.