(ВИДЕО) Манчевски: Не ја коментираме работата на обвинителството ниту пак на судските органи

од desk3
57 прегледи

 

Доаѓа времето на промени. Доаѓа времето на сериозна борба против криминалот и корупцијата. Доаѓа времето кога кражбата ќе запре а парите ќе ги вратат.

Ќе се вратат 630-те милиони евра потрошени на Скопје 2014 , стотиците милиони евра кои се одлеале во Белизе. Ќе се запре изградбата на новата барокна зграда на Народната банка на Македонија.

Овие пари можеа да се искористат за да се подобрат условите за живот и на граѓаните на Прилеп. Со овие пари прилепчани може да живеат многу подобро и да има многу повеќе капитални инвестиции.

-Доаѓа-времето-на-промени-и-сериозна-борба-против-криминалот-и-корупцијата

Веднаш по смената на власта, СДСМ им ветува на граѓаните на Прилеп, автопатско поврзување помеѓу Велес-Прилеп-Битола и Меџитлија. Конечно ќе започне изградба на агроберза, изгрдба на хидро-акумулации, особено хидро-акумулацијата Црна река. Изградба на целосна гасификација на Прилеп и систем за централно греење како и нови градинки кои што им се потребни на граѓаните на Прилеп.

Ова се само дел од мерките коишто ги ветуваме на граѓаните на Прилеп, што ќе овозможат подобар живот, повеќе работни места и повисоки плати за сите прилепчани.
Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Кога според треба да има избори,кога треба да се одржат изборите?

Манчевски: Следниот ден откако ке се воспостават условите за фер и демократски избори.Ако се воспостават тие услови, веднаш, наредниот ден.

Медиуми: Според информациите кои ги имаме, нема притвор за Јанкуловска и Јанакиевски, кој е коментарот на СДСМ ?

Манчевски: Ние целосно ја поддржуваме работата на Специјалното јавно обвинитеслтво и ги повикуваме сите останатати политички партии и чинители во општеството да се држат до Договорот и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. Само да потсетам, ова Специјално јавно обвинителство се формираше со поддршка и консензус на четирите политички партии и од партиите застапени во Собранието на Република Македонија. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство. Што се однесува до конкретните мерки ние не ја коментираме работата на обвинителството ниту пак на судските органи.

Медиуми: Ќе има мирни избори кога и да се одржат ?

Манчевски: Во Македонија, кога и да се одржат ќе има фер и демократски избори, а ако се фер и демократски изборите ќе бидат мирни.

Медиуми: Најавивте, големи проекти. Овие проекти ги најави и оваа актуелна влада, СДСМ постојано говори дека финансискиот долг е огромен, од каде пари да ги реализирате овие проекти? Бидејќи граѓаните веќе немаат време да им веруваат само на најавите, сега очите се свртени кон опозицијата…

Манчевски: Апсолутно сте во право. Оваа власт е 10 години, истите луѓе, истите лажни ветувања, и досега не направија ништо. Сметаме дека апсолутно Македонија има капацитет, има можности да ги изгради овие проекти кои што ги ветуваме на граѓаните. Како ? Така што новата власт нема да троши за себе, нема да краде,нема да префрла пари во Белизе, нема да троши на споменици, нема да троши на барокни згради! Парите ќе ги насочиме кон капитални инвестиции и кон граѓаните, тоа е нашата програма.

Медиуми: Очекувате ли да дојде до некакво нарушување на финансиската состојба на државата, доколку дојде до притворање на осомничените, во аферите што ги работи Специјалното јавно обвинителство ?

Манчевски: Повторно ќе кажам, јавен повик до сите политички партии кои што се потписници на договорот, кои што со консензус го изгласаа СЈО, да продолжат да си стојат на зборот, на потписот и на договорот, и да продолжат со поддршката на СЈО. Од друга страна, перфектно ми е јасно, дека бандитот Никола Груевски се бори за гола кожа, ќе треба нему да му го поставите ова прашање.

Медиуми: Што очекувате да се каже на 20.февруари, затоа што тоа е крајниот датум за што треба ЕУ да се произнесе за конечниот датум на изборите ?

Манчевски: Нас ни е апсолутно јасно и веќе го кажавме нашиот став и имаме одлика на Централниот одбор. Услови за фер и демократски избори на 24 април за жал нема. Ние сме подготвени за фер и демократски избори следниот ден кога ќе се заврши прочистувањето на Избирачкиот список, и ќе се постигне договор за реформа во медиумскиот сектор. Впрочем минатава недела ни покажа колку е важна реформата на медиумскиот простор. Затоа цврсто остануваме на овие ставови. Но, фер и демократски избори во Македонија ќе има, затоа што тоа го баравме ние, затоа што ние го почнавме овој процес, тоа им го ветивме на граѓаните и тоа ќе го оствариме.