(ВИДЕО) Марковски: Власта не сака во НАТО – Брисел е свесен за тоа

од Vladimir Zorba
157 прегледи

markovski

Maкедонија не треба да очекува ништо позитивно од НАТО самитот, и денеска во Варшава може да биде спомената само протоколарно, смета генералот во пензија, Благоја Марковски во изјава за 24 Вести.

Според него, двете главни причини поради кои земјава ќе остане на маргините на состанокот на најголемата воена Алијанса, се нерешениот спор со името кој се води со Грција и несериозниот пристап на македонските политичари. Останувањето на македонското водство од надворешната страна на вратата, Алијансата ќе го замапети – вели Марковски.

Марковски понатаму смета дека во време кога ниту Грција, ниту НАТО не ја почитуваат грчката заложба од 95’-тата да не и пречи на Македонија да членува во меѓународни организации, за земјава се отвораат нови алтернативи кои треба да бидат разгледани.

Иако Западен Балкан е важно геостратешко подрачје за Алијансата, таа нема да прими членка која има отворен фронт со некој од соседите или незаинтересирани политичари, вели Марковски, така што клучниот чекор во секој поглед, сепак ќе треба да го направи Македонија.

Слични содржини