
Големиот контранапад на Сириската арапска армија во Јужен Алепо даде резултати во неделата, откако владините сили успеаја да воспостават целосна контрола над стратешката Артилериска академија опоравувајќи ја блокадата над контролираниот од опозициските сили Источен Алепо, пренесува Al Masdar News, цитиран од Фокус.Според изворите во посебните владино единица “Тигарски сили” во Јужен Алепо, џихадистичките бунтовници од “Џаиш ал Фатах” ( “армија на освојувањето”) претрпеле загуби од 200 убиени за време на битката за Артилериската академија во неделата.
https://youtu.be/XTpmWVjs2W0
Воените извори додадоа дека одбраната на “Џаиш ал Фатах” се распадна целосно, откако “тигарските сили” и палестинските паравоени формации “Ал Кудс” ги нападнале нивните позиции во централните згради на академијата.
По заземањето на Артилериската академија на Алепо, Сириските сили најверојатно ќе се фокусираат на јужниот сектор на станбениот проект 1070, кој се уште е под контрола на “Џаиш ал Фатах”.