516
Машина за перење алишта под назив Drumi овозможува перење алишта без користење електрична енергија, а се покренува со нога односно со стапало.
Drumi е пренослива машина која може да ја носите секаде. Процесот на перење трае десет минути, а се покренува со притискање со стапало на папуча.
Електрична енергија воопшто не ви е потребна, а машината е доволно мала и лесна па без тешкотии може да ја преместувате каде сакате.
Drumi одеднаш моќе да пере до седум парчиња облека. Во неа се тураат пет литри вода, детергент, а потоа притискате со ногата. По десет минути перњето е завршено, а и вие сте направиле одлична вежба.
Машината Drumi чини 239 долари.