(ВИДЕО) Масовни антиамерикански протести кај НАТО базата Инџирлик во Турција

од Vladimir Zorba
104 прегледи

turcija-protesti-NATO-SAD-Incerlik

Илјадници лица протестираат во близина на воената база Инџирлик во Адена Турција, каде се сместени американските и НАТО силите.

Демонстрантите, како што јавуваат светските медиуми, извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани и бараат властите да ја затворат базата. Турските власти распоредиле специјални полициски сили за да го блокираат влезот на базата.

Американските претставници ги информираа граѓаните на САД дека конзулатот ќе биде затворен за време на протестот.

Воената база изминатите десеттина дена се најде во фокусот на турските медиуми поради поврзаност со неуспешниот воен удар во Турција. Турските обвинители и полицијата ја претресоа базата, а притоа беше уапсен командантот на воздухопловната база, генерал Бекир Ерцан Ван, како и десетици пониско рангирани воени претставници, сите обвинети за соучество во обидот за пуч.