ВИДЕО: Масовно пукање во Калифорнија, четврто овој месец – има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во престрелка во Калифорнија рано утринава.

Наредникот Френк Пресијадо од полициската управа во Лос Анџелес потврди дека пукањето се случило нешто по 2:30 часот во Беверли Хилс, луксузна населба во Лос Анџелес, пренесе АП.

Од седумте луѓе кон кои се пукало, четворица стоеле надвор, а тројца во возило, јавува „Танјуг“.

Повредените се пренесени во болница и се во критична состојба.

Пресијадо рече дека нема информации што довело до пукањето.

Ова е четврто масовно пукање во Калифорнија овој месец.

Слични содржини