(ВИДЕО) Метод за 3Д печатење, до 100 пати побрз од традиционалниот

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Калифорниската компанија Карбон 3Д предложи нова технологија за 3Д печатење, која навистина може да биде убиец за досега употребуваните технологии за тродимензионално печатење. Главната предност на новата технологија е создавањето на 3Д објекти со 25-100 пати поголема брзина во споредба со методите познати денес.carbon3d-printer-690x517
Новата технологија се нарекува „Континиус Ликвид Интерфејс Продакшн“ (CLIP) и работи преку употреба на светлина и кислород за стврднување на фотосензорниот материјал. Кај новиот метод не се користи нанесување на слој по слој, туку објектот се создава целосно.
Со помош на кислородот се регулира брзината на фотохемиската реакција која се одвива многу брзо. За нормално функционирање на оваа технологија е неопходно да се остават транспарентни и празни делови низ кои ќе продира во едниот случај, ултравиолетова светлина, а во другиот – кислород.
Откако ќе биде изградена соодветната внатрешна структура на 3Д објектот, овие делови се затвораат. Поставувањето на кислород се регулира автоматски, а за време на процесот, некои елементи на објектот остануваат течни. Светлината брзо ги стврднува местата каде нема кислород.