(Видео) Microsoft издаде MS-DOS за паметните телефони

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Microsoft се враќа кај темелите и објави верзија на MS-DOS за мобилни уреди. Преку класичниот оперативен систем софтверскиот гигант смета дека ќе успее да ги освои корисниците … Всушност тоа е првоаприлска шега од Microsoft.zx450y250_2503969

Навистина компанијата лансира MS-DOS за мобилни уреди, но во форма на самостојна апликација за Windows Phone. Таа им овозможува на најстраствените корисници да се потсетат на старите времиња на DOS и да видат како оперативниот систем ќе изгледа на екранот на смартфонот. MS-DOS mobile поддржува некои од класичните команди на оперативниот систем.

Преку нив корисникот може да дојде до папката за програми, во која ќе ја детектира апликацијата camera.exe. Тоа овозможува да се направи селфи или слика, прикажана со повеќе симболи. Со командата WIN пак може да се разгледа интерфејсот на Windows 3.1.

Апликацијата е бесплатна и достапно само за Windows Phone.