ВИДЕО: МИГ-23 се урна во Мичиген, паднал на паркинг

од Stefanija Kuzmanovska
529 прегледи

Две лица во воен авион од советската ера се катапултирале непосредно пред да се урне леталото и да се запали за време на аеромитинг во американската сојузна држава Мичиген. За среќа нема повредени, а причината за падот се истражува.

Пилотот и патникот летале со ловецот од советско производство на аеромитингот Thunder over Michigan, јавува Би-Би-Си.

МиГ-23 во кој се наоѓале почнал да паѓа. И пилотот и патникот успеале да се катапултираат и безбедно да слетаат на земја со падобрани.

Превентивно се испратени на преглед во болница.

Празниот авион удрил во возилата паркирани на паркингот, кои за среќа биле празни, а само од чиста среќа леталото пропушти станбена зграда пред да падне, соопшти управата на аеродромот.

Авионот по падот се запалил и се претворил во „огнена топка“, јавуваат локалните медиуми.

Дебели облаци од црн чад се гледале од земјата и го исполниле небото.

Причината за несреќата останува нејасна, а Федералната управа за авијација на САД го истражува инцидентот.

Слични содржини