Во рамки на денешната собраниска седница, каде точка на дневен ред беше Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, се огласи и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој го поддржа ваквиот закон, но и посочи една контраверзна изјава.
Имено, во обраќањето до МТСП и клубот на жени пратенички, предложи да се направи регистар на жртви, но и сторители на ваквите злодела.
Оттаму, тој истакна дека во собранискиот состав постои пратеник кој бил казнет токму за делото „силување“, а сепак моментално извршува висока функција. Тој не сакаше да открие името, со образложение дека кај жртвата можат да се јават непријатни побуди.
„Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена“, рече Милошоски.