(ВИДЕО) Момче со церебрална парализа за државата е здраво!   

од desk3
76 прегледи

Телевизија Стар објави потресна приказна под наслов: „За државата, момче со церебрална параализа е здраво“.

– Нека дојде министерот Диме Спасов, нека ја види маката на една мајка. Ме влечат по судови, а детето е жив труп, сега му се атрофирани и мускулите“, низ солзи вели Станка Мицевска, објави телевизијата.

Мајката на 28-годишниот Виктор, момче со церебрална парализа, се бори по судски пат да докаже дека на Виктор му се неопходни средства за нега од друго лице, а државата се жали и тврди дека ова момче е способно само да се грижи за себе.
„Јас ќе сум најсреќна мајка, нека го вработат, ако е така и мојот син да види светлина, тој не знае што е светлина, живее во една соба“, вели Мицевска.

Виктор се разболел кога имал 5 месеци и оттогаш до денес се бори семејството со болеста.

За него во Делчево сите знаат, а знаат и во Центарот за социјални работи, каде со години добивал средства за инвалидитетот, но сега делчевскиот центар донел негативно решение за социјалната помош.