Никол Шерцингер оваа година повторно седна на судиското столче во мегапопуларното британско шоу „Икс Фактор“ и уште од почеток својата улога си ја сфати многу сериозно.
Таа веќе се има појавено како ментор во овој формат и дури успеа да го одведе до победа својот учесник Џејмс Артур, со својата пожртвуваност и посветеност како ментор.
Годинава, девојката на бугарскиот тенисер Григор Димитров, повторно застана на чело на групата момчиња, која на нејзина среќа е преполна од суперталентирани момчиња.
Сепак, 23 годишниот Мет Тери во првата емисија во живо заблеска најсилно во својата група и веќе влезе во фаворитите за победа. Но, Никол се заљуби во ова момче уште при првото запознавање со него и со секоја наредна средба таа се подлабоко се восхитуваше на неговиот талент и шарм. Во фазата во “куќите на судиите“ дури и Келвин Харис ја забележа нејзината занесеност во него, а по првата изведба на големите гала вечери госпоѓа Озборн мораше да ја задржи „да не ја раскине облеката“ додека бурно аплаудираше и скандираше по завршувањето на настапот.
Она што е интересно за Мет е дека пред да се пријави на натпреварувањето тој работел како келнер, но дал отказ по тешка разделба со неговата долгогодишна девојка и решил да се врати дома и да се пријави конечно на Икс Фактор за да “си го врати животот во свои раце“.
Суперталентираниот Мет веќе има огромен број обожаватели, од кои добар дел се припаднички на женскиот пол така што сигурни сме дека девојката која го откачила веќе жали за својата одлука.
А, како се развиваше љубовта и хемијата меѓу младото момче и неговата супер-згодна и прекрасна менторка, како и неговите беспрекорни настапи, можете да погледнете во видеата подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=vW9Nh6gN_wE
https://www.youtube.com/watch?v=T3rKp-VFmsY
https://www.youtube.com/watch?v=BBi4P7-liWk