ВИДЕО: Море во јапонски град преку ноќ ја смени бојата, сега е црвено

од Stefanija Kuzmanovska

Посетителите на туристичкиот град во југозападна Јапонија беа изненадени кога се разбудиле вчера кога откриле дека инаку кристално чистото море станало црвено по истекување во локалната пивара.

Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажуваат црвена вода како тече низ реките и пристаништето Наго, островот Окинава. Градот е познат по смарагдното море и песочните плажи.

Од локалната пиварница велат дека нема причина за загриженост. Тврдат дека имало истекување во еден од нивните објекти и дека промената на бојата на морето не претставува опасност за луѓето и морскиот живот.

„Веруваме дека тоа е предизвикано од истекување на пропилен гликол – прехрамбен адитив кој се наоѓа во разладена вода за ладење фабрички згради. Веруваме дека водата за ладење истекла во реката преку олукот за дожд, предизвикувајќи морето да стане црвено“, соопштија од пиварата Орион.

Тие додаваат дека истекувањето било запрено денеска во 9:30 часот по локално време, иако портпаролот на јапонската крајбрежна стража за Си-Ен-Ен изјавил дека морската вода во близина на пиварницата се уште е црвена.

Пропилен гликол често се користи во прехранбената, козметичката и фармацевтската индустрија.

Слични содржини