ВИДЕО: Морски лав тежок 340 килограми скокнал од базен и паднал врз девојка

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Инфлуенсерот Мика Дијаз (20) неодамна го посетил Маринленд, аквариум во Мајорка, Шпанија, и бил сведок на моментот кога морски лав паднал од својот аквариум и за малку ќе згмечеше вработена. На видеото кое го сподели на социјалните мрежи се гледа дека животното почнало да излегува од базенот, а вработената се обидела да го спречи и да го турне назад во водата, пишува The Sun.

Морскиот лав тежок 340 килограми едноставно бил премногу тежок за вработената успешно да го врати во водата, па половина од неговото тело паднало врз неа. За среќа, ниту девојката ниту животното не се повредени при овој инцидент.

„Сурфам и се чувствувам удобно во друштво на морски животни. Сум посетил бројни аквариуми, но никогаш не сум видел ваква несреќа. Бев убеден дека вработената е повредена“, изјави Дијаз за Media Drum.

Вработената веднаш станала од земја и во следниот момент го галела огромното животно кое лесно можело да ја убие.

Маринленд, инаку, е популарен забавен парк кој нуди можности за фотографирање со морски лавови, како и варијанти каде посетителите ќе можат да ги галат и да пливаат со нив.

Слични содржини