265
Се појави видео на кое се гледа како избил пожар во моторот на авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ веднаш по полетувањето.
Видеото го објави Би-Би-Си, кој наведува дека драмата во авионот „Боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.
Авионот, наводно, принудно слетал, а пилотот безбедно го вратил леталото на аеродромот во Хјустон.
„Саутвест ерлајнс“ во соопштение наведува дека авионот имал „механички проблем набрзо по полетувањето“ и дека бил приземјен.
Би-Би-Си јавува дека Федералната управа за авијација на САД го истражува инцидентот.