
Неколку лица се повредени при пукање во училиште во Сан Бернардино, Калифорнија, пренесоа агенциите. Според непотврдени информации има 4 жртви. Локалната полиција и лекари во моментов им помагаат на двајца повредени.
Се проценува дека стрелецот е елиминиран. Пукањето почнало нешто по 10:30 часот наутро по локално време. Според зборовите на шефот на полицијата Џаред Бургуан ситуацијата почнала во училница.
Сметаме дека ова е случај на убиство и последовтелно самоубиство. Две лица се однесени во болница “, напиша тој на” Твитер “. Сите ученици се евакуирани. На место се испратени екипи на полицијата и амбулантни возила.