(ВИДЕО) Муслиманка ги урна претставите за убавина во US конкурс

од desk3
81 прегледи

image_5902463_126

19-годишно девојче ги урна замислите на индустријата за убавина и стана првата муслиманска натпреварувачка во натпреварот Мис Минесота, која гордо носи хиџаб и Буркина , пренесе “Мирор”. Халими Аден изјави дека сака да го искористи натпреварот како можност да ги промени грешните сфаќања за исламот. “Долго време си мислев дека да бидеш различен е нешто лошо. Но растев, заклучив дека сите сме родени, за да се издвојуваме, никој не би сакал да е во сенка. Само помислете колку ќе беше досадно, ако сите бевме исти “. Халими и нејзиното семејство пристигнуваат во САД како бегалци од Сомалија кога таа е само на 7 години.