(ВИДЕО) Најмалку пет мртви при вооружен напад во ноќен клуб во Мексико

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Неколку лица се убиени во ноќниот клуб „Блу перот“, во мексиканскиот град Плаја дел Кармен, информира Мета.

Според првичните информации, убиени се пет лица, но оваа бројка не е официјално потврдеа.

Неколку напаѓачи отворија оган во клуб во раните утрински часови. Властите потврдија дека во клубот се случило пукање, но оти точниот број на жртви не е познат.

На социјалните мрежи е објавено дека најмалку пет лица се убиени, а неколку се ранети.

Засега уште не се знае кој го извел нападот.

Плаја дел Кармен е популарно туристичко место кое се наоѓа на 70 километри од Канкун, а таму деновиве се одржува музичкиот фестивал „Би-пи-ем“.

Бројни полициски и екипи на итната помош се на местото на пукањето./Мета