
Милиони жители на Калифорнија се криеjа под бироата или бегаа на улица во големата вежба за тоа како треба да се реагира во случај на земјотрес. Во точно определен час возрасните на работните места и децата во училишта и во градинките ги применија постапките кои треба да се следат во случај на моќен земјотрес. Се верува дека повеќе од 10 милиони луѓе се приклучија во најавената вежба во Калифорнија, која како наставна програма беше најмасoвна во историјата.