(ВИДЕО) НАСА: Сондата „Џуно“ влезе во орбитата на Јупитер

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Сондата „Џуно“ на американската вселенска агенција НАСА влезе во орбитата на Јупитер и по пет години патување ќе го почне истражувањето на најголемата планета во Сончевиот систем.

Screenshot1

Светските агенции пренесуваат дека серија радиосигнали испратени од вселенското летало потврдиле дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што било планирано, што предизвикало огромна радост и аплауз во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

За да влезе во поларната орбита на Јупитер, сондата мораше да го запали својот главен мотор за да закочи, а гравитацијата на Јупитер да ја улови и да ја внесе во поларната орбита.

Бидејќи постои задоцнување на комуникацијата помеѓу Јупитер и Земјата, сондата беше ставена на автопилот кога се изврши овој маневар./извор Мета