Синоќа се одржа последната финална вечер на ТВ талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Во него и овојпат брилираа двете македонски претставнички, Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.
За победникот одлучуваа единствено гласовите на публиката кои тие ги даваат преку смс пораки со содржина приложена на фотографиите подолу.
Жирито како и секогаш немаше зборови за интерпретациите, кои велат се вон конкуренција и и пред финалето тие ги прогласија веќе за победнички нашите Антонија и Мартија. Се потврди дека Македонија има несекојдневни и најдобри пеачи, отворено го кажаа тоа од жирито, а и овациите и гласовите на публиката го потврдија истото.
Антонија се престави со песна на Џенифер Хадсон.
Мартија се претстави пак со„ Bound To you“ и исто така обезбеди место во суперфиналето.
За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како на оскаровска вечер, и со своите настапи го подигнале нивото на настанот.
Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули е презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца. Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.