(ВИДЕО) Научници фрлија бомба: Противракетниот штит на САД е неспособен да заштити од ракетен напад!

од desk3
133 прегледи

Американскиот систем за ракетна одбрана, која треба да ги заштити САД од ракетни напади на Северна Кореја и други земји, нема докажана способност да ја заштити земјата и не е на вистинскиот пат за постигнување на оваа цел- тоа го изјавија група на научници.
Седиштето на системот за ракетна одбрана, која има 30 пресретнувачи во Аљаска и Калифорнија, било тестирано при прилично добро режирани услови само девет пати од распоредувањето во 2004 година. За време на тестовите ситемот не успеал да уништи две третини од своите цели, се вели во извештајот на Сојузот на загрижените научници.

1468525824-mis3

“Историјата на овој систем е предупредувачка приказна за тоа како недостатокот на соодветен надзор над политички наполнетата програма за ракетна заштита довела до неуспех “, се вели во извештајот, напишан од тројца физичари – експерти за ракетна одбрана. “По речиси 15 години напори за изградба на ракетниот штит, тој не покажал способност при реални услови да ги заштити САД”, вели Лора Грег, физичар и коавтор на извештајот.

Недостатоците на програмата, која чини до моментов 40 милијарди долари, а до крајот на 2017 година треба да вклучува 44 пресретнувачи, се должат главно на одлуката на администрацијата на Буш да го ослободат системот од нормалниот надзор, за да може тој да биде воведен во работа уште во 2004 година, вели Грег во интервју.

1468525824-mis

“Наместо да се воведе во употреба нешто што функционира добро или барем адекватно – всушност, системот се претвори во катастрофа. Направено е токму спротивното “, вели таа. Според нејзе, обидите на администрацијата на Обама да ја зголеми контролата врз развојот на системот, држејќи го надвор од нормалниот процес за развој, само придонесоа за проблемот.