Ако сегашниот нов долг од 56 милиони евра на домашен терен се оспори, тогаш банките, приватните пензиски фондови, осигуртителните компании и другите владини кредитори ќе се соочат со проблем, вели во интервју за 24 Вести дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
“Добронамерно велам дека треба да бидат внимателни. Не можам да тврдам, но мислам, а тоа и се гледа дека постои огромен притисок да се вложува во државни хартии од вредност.

Мојот апел до кредиторите е добронамерен, наспроти тоа што го гледам како банкарите како дечиња градат куќичка од проектот “Купи куќа – купи стан“, е тоа е омаловажување.


IZJAVA KIRE NAUMOV 19 02 by 24vesti

Ако овој дел од долгот, што сега се зоздава без моја согласност биде оспорен, тогаш ќе биде проблематично за кредиторите. На пример, тој дел од долгот би им се вратил преку долгорочни хартии од вредност, ако можеше така да се обештетуваат граѓаните, тогаш зошто тоа да не се примени и кај банакрите на пример?“ вели Наумов.

Почина 21-годишна родилка во Прилеп, семејството обвинува за невнимание

Покана за учество беше испратена и до министерот за финансии Зоран Ставрески, но не ја прифати со образложение дека е презафатен.

Во емисијата “Тренд – економија и бизнис“, детална анализа : Како од 2012 година долговорниот долг од 5% се зголеми на 53% во 2015 година.

Извор:24 Вести

Слични содржини