(ВИДЕО) Не се знае од кого! Сириските бунтовници добиле од странство нов тип ракети „Град“.

од desk3
161 прегледи

Странски држави им доставиле на сириски бунтовници ракети „Град“ (земја-земја) од тип кој кои досега не бил испорачан. Потегот е одговор на големата офанзива во реонот на Алепо со руска поддршка, изјави бунтовнички командант.

– Ракетите Град се со дострел од 40 км и ќе бидат користени на фронтовите во Алепо, Хама и крајбрежниоте региони, изјави полковник Фарес Бајуш, командант од силите на бунтовниците.

И покрај тоа што ракетите Град досега биле доставувани до бунтовниците, Бајуш нагласи дека за првпат им се испраќаат ракети од одреден тип. Досега бунтовниците располагаа со ракети Град што биле запленети од складишта на сириската армија, изјави Бајуш./МИА