(ВИДЕО) Не стивнуваат реакциите по одлуката на Иванов

од desk2
63 прегледи
Одлуката на претседателот Иванов да не и го даде мандатот на најголемата опозициска партија за формирање Влада е за осуда, а репутацијата на Груевски му е нарушена поради прислушуваните разговори оценува  во интервју за Дојче Веле поранешната амбасадорка на Германија во Македонија Гудрун Штајнакер, пренесува телевизија 24.
Во интервјуто Штајнакер повикувајќи се на актуелната состојба во Македонија наведува.
„Сметам дека е за осуда, затоа што претседателот не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена. Единствената преостаната опција би биле нови избори што ќе значи нови месеци на целосна стагнација и тоа секако не е добро за земјата.“
 По реакциите на руското МНР дека западот сака да расчисти со Груевски  во интервјуто таа наведува:
„Во моето време како амбасадор не видов дека таа игра некаква конструктивна, позитивна улога во Македонија.“
На ваквите препукувања на релација Москва и Берлин но и на се позачестената платформа на Албанците позади која стои албанскиот претседател Рама кој повторно се огласи дека платформата на Албанците е особено ваѓна за Македонија се огласи и македонското МНР.
Целиот текст можете да го прочитате тука