Негувателка случајно истурила кафе врз лицето на девојче вo градинката „Чекорче“, во скопската населба Аеродром.

Притоа, детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница. Настанот се случил вчера околу 12.30 часот додека детето лежело во занималната на постара предучилишна група.
По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар и во амбулантата на Детска хирургија, детето е пуштено на домашно лекување. Мајката случајот го пријавила и во полиција, од каде велат дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување.
Директорот не сакаше да даде изјава пред камера, но најави отказ за негувателката.
Родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка не беа запознаени со случајот, но велат дека се задоволни од досегашниот трертман на нивните деца.
Попладнево градинката беше посетена и од инспектори од Министерството за труд и социјална политика, но нивниот извештај се очекува во текот на утрешниот ден.
Целиот текст можете да го прочитате тука