Од администрацијата на непризнаената држава на Република Нагорно-Карабах , информираат дека на север и југ-исток од регионот активно се борат. Азербејџанското Министерството за одбрана ги отфрли информациите и велат дека ситуацијата е стабилна и под контрола на вооружените сили. Од друга страна, Ереванските медиуми објавија дека за поддршка на воените единици на Република Ерменија се префрлени тактички проектилни комплекси “Точка-У” и повеќе системи за лансирање на ракетата “Смерч”.
https://youtu.be/Tc_YclIZ0vo
Инфомациите за жртвите исто така се разликуваат. Баку, рече дека ерменската страна изгуби повеќе од 100 војници , додека официјално признават на 12 војници. И во Ереван тврдат дека повеќе од 200 азербејџански војници загинаа .
https://youtu.be/whKb6ZNhmRs
За помирување на сите страни во конфликтот повикуваат политички лидери и дипломати од целиот свет. Да се спречат понатамошни човечки жртви, побара Владимир Путин. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, апелираше за прекин на непријателствата и веднаш да се во целосна согласност со договорот за прекин на огнот.
Конфликтот за Нагорно-Карабах, кој се наоѓа на територијата на Азербејџан, но населен претежно со Ерменци е долгогодишен. Во почетокот на 90-тите години, тој прерасна во големи воена конфронтација. договорот за прекин на огнот беше потпишан во 1994 година. Нагорно Карабах се смета за една непризнаена држава, додека Ерменија силно ги поддржува, Азербејџан го смета Карабах како дел од нејзината територија. Оваа пролет, имаше нова ескалација во која страните меѓусебно се обвинуваат . Министерството за одбрана на РепубликНагорно Карабах информира дека офанзивата на неколку фронта со тешка артилерија и авиони почнаа од Азербејџански војската. Во Баку се обвинети за масовно бомбардирање на станбени населби во Ерменија.