Кошаркарите на Партизан претрпеа пораз од Зенит во натпреварот од Суперкупот на ВТБ лигата што се одржа во Русија, но губитник на денот сепак беше еден навивач чие јавно запросување на трибините пропадна.
Партизан во саботата на 24 септември одигра натпревар со Зенит од Санкт Петербург, а во средината на првата четвртина еден навивач одлучи да ја запроси девојката.
Тој клекна на колена, ја извади кутијата со прстенот и се беше емитувано на големиот екран над теренот.
Сепак, на крајот немаше аплауз. Девојката ја затвори кутијата, а тој стана и си замина.
Prosidba propala na meču Zenit-Partizan: Ne bismo bili u koži ovog momka 🫠 🎥 Mozzart sport pic.twitter.com/VvUWkMTXX6
— Balkan Sports (@BalkanSports) September 25, 2022