Кинеските инженери повторно го изненадија светот со својата оригиналност и мајсторство. Неодамна тие изградија нов мост на автомобилска магистрала за 43 часа. А сега направија нешто невидено- за 88 минути поставија над железничка линија и автомобилски пат два моста на автомобилски автопат, а должината на двата моста е околу 100 метри. При тоа, ниту за миг не беше запрено движењето на возовите и на автомобилите под мостовите. Се се одвива набрзина, движењето на мостовите личи на танц.
Но од тоа инженеринг решение се поштедени милиони долари од запирање на движењето, преместување на протокот на стоки и луѓе на друго траса, за да се монтира објектот на традиционален начин.