ВИДЕО: Невреме со вртлог во Неготино, пријавени бројни штети

од Берта Китинска

Попладнево се случи силно торнадо ртлог,невреме во Неготино кое предизвика тешки материјални последици во градот, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето – има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови.

Дека штетите се големи, сведочат и снимките кои се појавија на социјалните мрежи.

„Апел за помош од комуналните служби на ул. Пиринска во Неготино. Има многу големи штети!“, стои во објавата на загрижена жителка на Неготино.

Слични содржини