Не застануваме. Продолжуваме да ја објавуваме вистината за криминалното работење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Денес објавуваме нов случај како на криминален начин се спроведувале едни од најкрупните јавни набавки во државата токму преку ова министерство.
Се работи за јавниот оглас за изградба на браната „Конско – Гевгелија“ и постапката за избор пропратена со многу констатирани неправилности, нејаснотии и сомнителни одлуки, вреден 33 милиони евра, пари на граѓаните.
Прво, незаконски се објавува оглас без да биде обезбедено ОДОБРЕНИЕ од Владата за повеќе годишно финасирање, што е законска обврска. Постапката е почната 2013 година а еве го одобрението кое е обезбедено пред само неколку дена, дури на 29.03.2016 год.
Понатаму, Комисијата за јавни набавка во министерството уште во првата фаза со извештај до министерот Цветков дава предлог да се поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка за изградба на брана ,,КОНСКО,, фаза 1 и 2.
Од причина што во тендерската документација за првата фаза периодот на изградба на браната изнесува 2 години и 8 месеци, додека во огласот објавен на ЕСЈН е наведен период од 60 месеци.
И ова е спротивно на Законот за јавните набавки.
Овие неправилности со решение подоцна ги констатира и Државната комисија за жалби по јавни набавки во чие решение се вели дека ваквите неуогласености довеле до намалување на конкуренцијата и откажување на веќе квалификуваните понудувачи да достават понуди.
Иако комисијата предлага поништување на постапката, министерот Цветков со допис наложува комисијата да ја продолжи постапката и да изврши евалуација на пристигнатите понуди. Еве го тоа писмо.
Скандалот добива своја кулминација во Втората фаза од постапакта кога се доставуваат финансиските понуди и на 02.03.2015 година се носи одлуката за избор а тоа е Турската фирма СЕРКА ТААХУТ ИНСААТ А.С со понуда од околу 22 милиони евра без ДДВ.
Подоцна поради сите неправилности, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништува оваа фаза од постапката.
Во фаза кога веќе се знаат финансиските понуди на сите понудувачи, министерството како договорен орган наместо да ги искористи законските можности и да го поништи огласот во целост и да објави нов оглас, се оди по втор пат на доставување на финансиски понуди од истите понудувачи што веќе еднаш имаат доставено понуди.
Скандалот да биде поголем и овојпат овој огромен тендер го добива истата Турска компанија , но сега за истата работа дава понуда од над 33 милиони евра без ДДВ.
Или разликата е над 11 милиони евра што треба да ги платат граѓаните на оваа држава.
Екс премиерот Никола Груевски којшто сака многу да зборува за овој проект заедно со министерот Цветков се должни на целокупната јавност јасно да одговорат на прашањата:
Како може да се распише ваков огромен повеќегодишен тендер без да се има одобрение од Владата пред тоа?
Дали ако не биле направени неправилностите што ги констатирала и комисијата во министерството и државната комисија ќе бил исполнет минималниот законски број на кандидати?
Како е можно за иста работа за која првин понудата била 22 милиони евра сега да чини 33 милиони евра?
Кој се има интерес од оваа огромсна зделка спроведена преку ова министерство?
Бараме да се отпочне со нова постапка за јавна набавка на Браната „Конско“ со што ќе се овозможи рационално и ефикасно искористување на средствата од Буџетот на Република Македонија.
Институциите се должни до крај да го расветлат овој случај. Секој што го прекрши законот мора да одговара.
