(ВИДЕО) Николовски: Незаконското собирање податоци од земјоделците, веднаш да прекине

од desk3
90 прегледи

Продолжуваме со разоткривање на противзаконското работење на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Луѓето на Груевски поставени на раководни места во институциите, наместо во служба на земјоделците имаат една единствена задача, да агитираат за ВМРО-ДПМНЕ и да ги држат земјоделците како во заложништво.

Денеска објавуваме пример како преку Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, функционерите на Груевски спротивно од законот сакаат да прават своевиден попис кај земјоделците.

-собирање-податоци-од-земјоделците-веднаш-да-прекине

Директорот на оваа Агенција дал писмени инструкции, повторувам надвор од законот, до советниците да одат на терен и да почнат да прибираат податоци од земјоделците за целокупната нивна имотна состојба, и тоа почнувајки од лични контакти, телефонски броеви, што работат, што произведуваат и какви им се плановите.

По налог на директорот советниците ги прибираат и сите податоци за земјоделските производители, поврзани со апликации за земјоделски субвенции и други програми на владaта како и за земјоделска земја под закуп. Еве докази.

Овие податоци потоа се злоупотребуваат за најдиректни закани и уцени до земјоделците.

Барам оваа незаконска активност веднаш да престане.

Упатувам порака до земјоделците да не подлегнуваат на ваквите притисоци. Тука сум да ги заштитам нивните интереси. Субвенциите се државна мерка, а не партиска и тие пари на земјоделците им се обезбедени со закон.

Упатувам и една порака до функционерите на Никола Груевски и сите вработени во Министерството за земјоделство: притисок и закани врз земјоделците не смеете да правите, ќе одговарате.

Едно треба да му биде јасно на секој.

Македонија е на нозе.

Правдата, слободата и демократијата се враќаат.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.