(ВИДЕО) Николовски очекува цената на бостанот да се стабилизира

од Vladimir Zorba
111 прегледи
Очекуваме стабилизација на цената на бостанот, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски по проценките за слаб пласман на лубениците и за ниската цена од три денари која не им ги покрива трошоци на земјоделците.
Ниската цена е резултат на големата понуда и на слабата побарувачка, имаше и блокади со извозот. Ги правиме анализите и прибираме информации пред да предложиме мерки, изјави министерот на денешната средба со македонската Асоцијација на земјоделските задруги.
Николовски најави дека ќе им ги олесни процедурите на задругите и дека новата влада ќе овозможи поголема искористенот на средствата од европските фондови. Земјоделците се пожалија дека имаат законски пречки во функционирањето на задругите и проблеми во сферата со оданочувањето./извор ТВ24