Поради неспособност и неодговорност на институциите болеста „јазлеста кожа“ кај животните се шири и предизвикува сериозни последици, изјави денеска Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
– Пропустите и грешките на Агенцијата за храна и на Министерството придонесоа сточарите, млечната и месната индустрија во Македонија да трпат огромни штети. Сточните пазари се затворени. Се јавува млечна криза и забрана за извоз на млеко и месо од целата територија на Македонија. Сточарите на коишто им беа одземени животните никој не ги обештетува. Се уште нема исплата на штета за ниту едно одземено грло добиток од сточарите и не се знае кога тоа ќе се случи. Веќе трет месец се чекаат фамозните 250.000 вакцини против болеста. Ваквите катастрофални грешки на ВМРО-ДПМНЕ ќе го преполоват бројот на говеда во земјава, ќе ги банкротираат сточарите и ќе ја срушат млечната и месната индустрија во Македонија. За оваа катастрофа поради нестручност на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има – рече Николовски.
