(ВИДЕО) Николовски: Уште 4 милиони евра за сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан преку МЗШВ

од desk3
104 прегледи

„Продолжуваме со демаскирање на улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како параван преку којшто Груевски ги задоволува газдите на медиумите задолжени за пропаганда и медиумски хајки, скапо платени со пари на граѓаните.

Izjava-Lj.Nikolovski-685x320

Покрај тоа што половина милион евра за чистење на канали завршиле кај „Силекс Неметали“, покрај тоа што 700.000 евра заршиле кај „Трансмет“ денеска објавуваме докази дека нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан“, рече дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски.

Scan1

„Ова е договорот од 16.07.2014 година со кој што фирмата „Трансмет“ добива тендер од над 184 милиони денари за изградба на пристапен пат за брана „Речани“ на Оризарска река, Кочани.

Ова е уште еден договор на дополнителни близу 57 милиони денари, склучен на 27.08.2015 година за Санација на брана Пишица- Пробиштип, за потребите на Управата за водостопанство.

Scan2

Тоа се вкупно 4 милиони евра, пари на граѓаните, преку Министерството за земјоделство  за сопственикот на „Телевизија Нова“ за кого од политичките бомби слушнавме како Груевски зборувајќи во шифри, го нарекува „оној што има Сеат Ибица“. Слушнавме како Груевски дава налог„И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“. Очигледно тоа бил начинот да се кројат и сите тендери од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Да не го заборавиме и Орце Камчев, уште еден сопственик на медиуми кој благодарение на Груевски е во врвот по користење на земјоделските субвенции. Само за последниве 4 години ЗК Пелагонија на Камчев добива над 4,5 милиони евра.

Scan3

Преку Министерството за земјоделство, наместо за земјоделците, милиони евра, пари на граѓаните, завршуваат во медиумите на Никола Груевски кои што шират невистини и ги лажат граѓаните.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони евра пари од граѓаните!

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа европски закони за регулација на медиумите.

Scan4

Јавноста има право да ја знае вистината за катастрофалната состојбата во која се наоѓа македонскиот аграр и злоупотребата на субвенциите, наспроти  рекламите на Груевски“

 

Интегрален текст