
Oпструкциите кон Специјалното јавно обвинителство се поради стравот од резултатот што ќе произлезе од неговата работа, вели универзитетскиот професор Гордана Бужаровска во Ноќен експрес на Kanal77.
Постои една конструкција околу тоа што е СЈО. Прво тоа е резултат на договор помеѓу политичките партии.Ние одамна сме се откажале од Собранието како институција каде што се решаваат проблемите.Специјалното Јавно обвинителство е пораз за редовното Јавно Обвинителство вели Бужаровска и дообјаснува дека непреземање на дејствијата значи злоупотреба на службена положба и овластување со несторување, тоа е кривично дело што постои во Кривичниот Законик.
Владата мора да биде одговорна во смисла на поставување на правна држава.
Неколку закони за СЈО тука се во прашање кои мора да бидат приоритет и СЈО мора да има програма за заштита на сведоци. Самоубиството„ што се случи со Крпач, тоа треба да се истражи вели Бужароска за емисијата Ноќен Експрес каде се разговараше за Специјалното јавно обвинителство кое според анкетираните новинари,адвокати, аналитичари и слушатели е институција на годината во Македонија.