Пратеникот Рафис Алити, бара одговорност од Али Ахмети и Артан Груби, по вчерашното изгласување на измените во Изборниот законик. Тврди дека Груби на своја рака го потпишал законот, без да ги информира пратеничката група и партиските тела за тоа. Бара во најскоро време да се состане Централното претседателство на партијата, чиј член е и самиот, на кое ќе побара објаснување за оваа постапка, информира Телма.
Алити е подготвен и самиот да појасни пред сопартијците и електоратот, зошто гласаше против.
Пратеникот Артан Груби, пак, не сакаше директно да ни одговори, зошто не ги консултирал своите партиски колеги.
Вели дека, тој лично нема проблем со никого од партијата и дека, за него е важно што се` се заврши.
Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали вели дека, ваквото однесување не доликува на сериозна партија.
Целиот текст можете да го видите тука