
На прашање зошто Беса не е во Владата, тој рече дека за некои мали работи СДСМ и Беса едноставно не се договориле, но не прецизираше за кои.
„Тие работи не беа прифатливи за нас, но во иднина можеби и ќе ги надминеме, Беса ќе дава поддршка не за Владата, но за реформите што ќе престојат. Ја повикувам не само Беса туку и ДПА и ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка за идните реформи. Називот на новата Влада е реформска Влада на РМ“, рече Заев.
Тој најави дека ќе прати писмо со барање до СЈО за одговор дали за него или за кој било член од неговиот кабинет се води кривична постапка.
„Ако во иднина се покаже не само во СЈО туку и во идното Јавно обвинителство ослободено од партиските стеги, дека ќе се води кривчна постапка за кој било член на владата, тој повеќе нема да биде во кабинетот“, рече Заев.