Нови видео снимки се појавија на интернет каналот „YouTube“ од непознат автор.
Од видеата се гледа дека уште во два наврати, на две различни локации, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од посредникот кој не се гледа кој зборува македонски со изразит грчки нагласок, повторно зема значителна сума на евра во готовина, пари со кои вели дека ја финансира кампањата, за организирање митинзи, плаќање на автобуси и слично…пред два дена во видеата кои беа објавени Бошкоски земаше пари кои како што кажа му биле наменети за плаќање на реклами..
Љубе Бошкоски меѓу другото вели:
“Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.”
Експерти и медиуми по појавата на првите снимки изјавија дека се сомневаат дека овие снимки се од посебните истражни мерки на МВР искоритестени за неговото апсење и понатамошното обвинение за нелегално финансирање на политичката партија ОМ.