(ВИДЕО) Новите Т-90 тенкови пристигнаа во Алепо за борба против Ал Каеда

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Иако сириската влада концентрира војска за операции против ИД во источниот дел на земјата, таа не го испушта од вниманието од ослободените територии на запад, бидејќи терористите се во опасна близина.

Во областа на Алепо пристигнаа сосема нови руски тенкови Т-90, објави rusvesna.su. Тие се наменети за зајакнување на одбранбената група во југозападната насока во правец кон провинција Идлиб, каде се концентрирани над 50 илјади противници на режимот во Дамаск.

Техничките карактеристики на овие тенкови значително ги зголемуваат борбените можности на сириските единици и дозволуваат да се реагира навремено на различни закани од страна на џихадистите.

Агенцијата rusvesna.su соопшти дека сите екипажи на новите тенкови поминале низ интензивна ефикасна подготовка и сега ќе учествуваат во борбите против “Џебхат ан-Нусра” (сириската Ал Каеда) и други радикални терористички групи.